ИСХРАНАТА Е ДЕЛ ОД УБАВИНАТА
Пирамида на исхраната
МОЌТА НА МЛЕКОТО
Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно.
Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето.
Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето. Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме. Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика. Витамините и другите хранливи и корисни состојки кои што се содржани во млекото, се следниве:

А - ја освежува кожата
Е - ја негува и зајакнува кожата
Б - дејствува против брчките
БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата
МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност.
Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата. Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом. Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.
No comments:
Post a Comment