Sunday, September 26, 2010

КРЕМИ ЗА НЕГА НА ЛИЦЕТО



Нега на лице: Креми за лице 



  

ЕХИНАЦЕА – Protection:
Заштитна крема со продолжено антибиотско делување против воспалителни процеси на кожата како: егзем,изгореници,чиреви, акни или ранички. Делува противоспалително,антибактериски и антибиотички.Го отстранува вишокот маснотија, чисти и негува.






НОЌНИЧЕ - Antiage:
Содржи уште екстракт на алое и бадем. За кратко време ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата. Ги отстранува борите и го успорува процесот на стареење.





КАНТАРИОН – Hypericy
За сува, испукана и оштетена кожа. Против акни, чиреви, исприштеност, иритација, црвенило, нафрланост, а особено изгореници. Помага при ранички кои крварат. Природна заштита е од сонце.



 


НЕВЕН - Regenerative
За сите типови кожа. Штити и регенерира. Спречува исушување, го смирува воспалението и црвенилото и и ја враќа еластичноста, природната свежина и здрав изглед.





 

АЛОЕ ВЕРА – Face
За осетлива, сува и оштетена кожа. Длабински влажи и ја подмладува кожата. Го смирува воспалението, црвенилото и отоците и го забрзува заздравувањето на ситните ранички и гребнатинки.




 




БАДЕМ – Antirid
Ги отстранува борите на лицето, а посебно околу очите. Ја хидратира, храни и затегнува кожата.



 
 


МАГДОНОС - Whitening
За исклучително бел и нежен тен. Ја заштитува и ја негува кожата.



ТЕМЈАНУШКА - Collagen
За деноноќна нега на кожата од лицето, вратот и деколтето.Против стареење на кожата, нафрланост, чешкање или екзем. Ја подмладува, зацврстува и затегнува кожата.





ЛИМОН - Anticircle
Против темни кругови и перничиња околу очите. Го отстранува вишокот течност, ја затегнува кожата и и дава природен сјај и влажност.



КАМИЛИЦА – Antiseptic
Длабински ја чисти и негува кожата, одржува влажност и штити од штетни надворешни влијанија.


 
МОРКОВ – Carroten
За осетлива кожа. Храни, регенерира и штити од штетното сончево зрачење.






ОВЕС - Emuliens
Врши интензивна и длабинска хидратација на кожата. Потхранува и ревитализира.






  

КРАСТАВИЦА – Mix Skin
Освежува, тонизира и ревитализира. Погодна за кожа со мешани – суви и масни површини. Чисти, храни и негува.




НАНЕ – Oil Skin
За мрсна и проблематична кожа. Го отстранува вишокот маснотии од кожата и ја намалува можноста од појава на бактерии кои причинуваат акни. Ја лади и смирува кожата. Има противоспалителни, антибактериски и антибиотски својства.




ПРАСКА – Piling
Ги отстранува горните, мртви клетки од површинскиот слој на кожата. Ја освежува, омекнува и обновува кожата.










АВОКАДО – Vitamin
Високо хидратантен крем за осетлива кожа и често подложна на надворешни влијанија. Одржува баланс на сите материи во составот на кожата. Погодна за интензивна употреба.








МАСЛИНКА – Dry Skin
За сува и дехидрирана кожа. Дава природен сјај и влажност. Навлегува во најдолните дерматолошки слоеви, потхранува и влажи
 

Saturday, September 25, 2010

ИСХРАНАТА Е ДЕЛ ОД УБАВИНАТА

ИСХРАНАТА Е ДЕЛ ОД УБАВИНАТА

 

Пирамида на исхраната

 



Следејќи ја оваа пирамида, ви гарантираме дека веќе чекорите по патот на здравата исхрана
, (најважни се продуктите на основата, а најмалку оние на врвот





МОЌТА НА МЛЕКОТО

Немојте да се чудите! Со помош на овој Божествен напиток, ќе направите извонредни козметички мешавини, кои ќе имаат неспоредливо подобар ефект од било која хемикалија. Млекото е природно.


Со помош на млекото, можете да ја негувате вашата коса, кожата на телото, кожата на дланките како и кожата на лицето.
Природните козметички мешавини со млеко, кои ќе ги направите самите, ќе допринесат косата да ви биде сјајна, кожата на телото да ви биде мазна, помагаат во избелувањето на дланките, како и за свиленкаста кожа на лицето.
Невообичаеното дејство на млекото, како дел од природната козметика, го пронашла уште убавата Клеопатра. Клеопатра со задоволство се капела во магарешко млеко. Не треба да и се чудиме. Млекото и млечните производи, содржат скоро се што е потребно во добрата козметика. Витамините и другите хранливи и корисни состојки кои што се содржани во млекото, се следниве: 
А - ја освежува кожата
Е - ја негува и зајакнува кожата
Б - дејствува против брчките
БЕЛКОВИНИТЕ - заштитуваат од сушење на кожата
МАСТИТЕ - на кожата и даваат еластичност.
Бидејќи е течно, идеално ја хидратира кожата. Козметичките производи на база на млеко, можеме да ги подготвиме сами во нашиот дом. Сепак, треба да знаеме дека сите намирници кои ќе ги употребиме во подготовката, треба да се свежи. Готовата смеса можеме да ја чуваме во ладилник, најмногу една недела. Маските и емулсиите, по употребата, секогаш треба детално да ги отстраниме со топла вода.

ФРИЗУРИТЕ НА БИЈОНСЕ


БИЈОНСЕ НОУЛС

Бијонсе Жизел Ноулс, родена на 4 септември 1981 год., најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, актерка и модел. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд (Destiny’s Child). Ноулс со својата група има продадено повеќе од 50 милиони плочи низ целиот свет и преку 118 милиони плочи во целата нејзина кариера.
За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 год. Dangerously in Love ги создаде хитовите: „Crazy in Love”, „Baby Boy”, „Me, Myself and I”, и „Naughty Girl”. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој и донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 год., и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 год. го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B’Day, во 2006 год., кој ги содржеше хитовите „Déja Vu”, „Irreplaceable” и „Beautiful Liar”. Нејзиниот трет соло албум, I am…Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 год., и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Ноулс досега има постигнато пет “Hot 100” број еден синглови, заедно со Ријана како женски артист со најмногу број еден хитови во декадата 2000-2009. Таа исто така е женски артист со најмногу топ десет и најмногу топ пет хитови на “Hot 100” оваа декада со 12 топ десет хитови.
Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата актерска кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Carmen: A Hip Hopera. Во 2006 год., ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработи две номинации за Златен Глобус. Во 2004 год., Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Pepsi, Tommy Hilfiger и L’Oréal. Во 2009 год., ја вброи како четврта на листата на 100 Најмоќни Познати Личности.



СИТЕ ФРИЗУРИ НА БИЈОНСЕ


Историјатот на фризури на познатата музичка ѕвезда Бијонсе








ФРИЗУРИ


Фризури



Kосата треба да биде покажана во полн сјај. Ако сакате да ги следите модните трендови, токму косата е најевтиниот начин на кој можете да го направите тоа.






Иако повеќето жени не се ни обидуваат да ги пренесат фризурите од модните писти на улица, постојат неколку трендови за оваа сезона кои со сигурност ќе бидат прифатени.



Актуелни фризури
Плетенка        
Можеби ќе ве изненади, но еден од најголемите трендови за оваа сезона е косата во плетенка. А како ќе ја направите, тоа целосно зависи од вас, затоа што различни варијации се прифатени како модерни.
Најголем впечаток од модните писти оставија долгите плетенки на Alexander Wang, сплетени на едната страна и пуштени напред. Обидете се во горниот дел плетенките да ги направите полабави, а во долниот стегнато плетени.
Не треба да се грижите плетенките да бидат грижливо направени. Бушавите плетенки се модерни. Фатете ја косата во опашка високо на главата, не е важно дали на средината или на едната страна. Потоа формирајте плетенка.
Воопшто нема да погрешите ако плетенката ја соберете во пунџа. Интересен тренд кој си заслужува да биде пренесен во секојдневието.
Особено интересно е да ставите долга марама на главата и да ја вклучите во плетенката. Овој тренд е најсоодветен за на плажа.
Доколку сметате дека обичната плетенка ќе ви даде премногу детски изглед, обидете се со плетенката од типот рибина коска.
 
Брановидна коса
Тргнете ја настрана пресата за исправување, затоа што не е актуелна и за оваа сезона. Наместо тоа, дајте и повеќе слобода на косата. Професионалните стилисти препорачуваат косата за сезоната есен/зима 2010 да има многу волумен и да биде „разиграна“.
Патецот на косата носете го на средината на главата. За поголем волумен можете да користите пена за коса. Пред да започнете да се фенирате, нанесете пена за волумен и не ја исправувајте косата.



Класична и разбушавена балерина пунџа

Класичната балерина пунџа е лесна за оформување, а косата изгледа многу уредно и елегантно. Исто така и разбушавената  пунџа може да биде елегантна, а најдоброто е што ѝ одговара на секоја жена.




„Влажен“ и замазнет изглед
Овој изглед е супер модерен. За фиксирање на косата користете гел. Ако имате темнокафеава или светло руса коса, овој тренд многу ќе ви одговара.




Модни додатоци за коса
Во зависност од пригодата, можете да користите различни модни додатоци како венчиња, големи шноли или марама за коса. Особено актуелни се марамите во црна, бела, крем и светло розова боја.

Трендови кај боите за коса
Бојата на косата не е помалку важна од самата фризура. Таа може да ви донесе целосна трансформација на вашиот изглед.

·                                 Црвенокоса. Црвена боја е хит на сезоната есен/зима 2010.  Особено популарни се нијансите со жолто-кафеав и бакарен сјај. Избирајте понежни бои кои не се заситени. Не употребувајте повеќе од две нијанси.
·                     

                                 Бринета. Внесете сончев сјај во вашата кафеава коса преку нијанси на карамела или лешник. Заборавете на видливите прамени во различна боја и дајте ѝ природен изглед на косата преку рамномерно распределување на нијансите.
·                  


        Русокоса. Природниот изглед на скандинавските русокоси е ин оваа сезона. Ако овие нијанси не се соодветни за вашето лице и тен, изберете златни нијанси или нијанси на ванила.
Без разлика дали имате долга или кратка коса, таа треба да има сјај и да зрачи здравје, а вашата пролетна фризура треба да биде смела, но прилагодена кон индивидуалниот стил.


Трендови од модните писти ЕСЕН/ЗИМА 2010



Убавина

НЕВЕСТИНСКИ ФРИЗУРИ


Разгледајте ги следниве галерии кои може ќе ви потпомогнат во изборот на вистинската фризура на денот на вашата свадба. Откријте неколку варијанти на невестински фризури со интересни додатоци и одберете ја вистинската. 











ФРИЗУРИ ОД МОДНАТА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК

Направивме галерија од најинтересните фризури што можеа да се видат на модната недела во Њујорк.

Badgley Mischka

На ревијата на Badgley Mischka во Њујорк, моделите вклучувајќи ја и Tanya Dziehileva, имаа високо кренати коси. Страничните прамени се цврсто затегнати, додека задниот дел од косата е замотан неодредено или во кок. Одлична фризура што ќе ја истекне убавината на секој дел од лицето.
Marc Jacobs


Косите на девојките на Marc Jacobs, беа несредени. Моделите изгледаа како штотуку да станале од кревет. Станува збор за таканаречениот Lazy look, што освен со карактеристичните фризури се одликува и со развлечени маици и широки фармерки.

Vera Wang

Додека повеќето одеа на футуризам, стилистите за ревијата на Vera Wang, се вратија назад во времето или поточно во 60-тите. Моделите имаа волуменозни коси собрани во кок и патец на средина.

Rodarte


Овде имаме строго права коса, прицврстена до вратот со патец на страна. Шишките се прибрани, а дозволен е и додаток како на пример, цвет или голема шнола.
Michael Kors


Златните девојки на ревијата на Michael Kors, ја носеа косата собрана во разиграно, ниско опавче. Совршена, а едноставна фризура за на лето во комбинација со бронзен руж. Обрнете внимание на волуменот на предниот дел.

threeASFOUR


Како што можете да забележите пресираната коса ќе биде актуелна и во 2010. Косите на моделите изгледаа како да се ставени под тостер, но сепак изгледаа необично и симпатично.

Oscar de la Renta


Ваквата фризура милуваме да ја кажеме старинска бидејќи навистина ќе ви додаде година плус. Но таа е крајно елегантна и софистицирана што добро ќе ви дојде за свечените моменти или коктел забавите кога сакате да оставите сериозен впечаток.